Цените на гасот во Европа се на највисоко ниво од есента 2023 година
Цените на природниот гас во Европа во понеделникот го достигнаа највисокото ниво за нешто повеќе од една година, со зголемена побарувачка поради ниските температури и укинувањето на ценовната граница на ниво на ЕУ.
На референтната холандска дигитална берза ТТФ, мегават час гас за испорака во март утринава изнесуваше 53,9 евра, што е највисока вредност од крајот на октомври 2023 година, информира Н1 Хрватска.
Од минатата недела цената на гасот во ТТФ се зголеми за приближно 11 отсто, а од средината на септември за дури 50 отсто. Лани најевтин беше во март кога за мегаватчас требаше да се издвојат 29,13 евра.
Во петокот, истече ценовното ограничување што Европската комисија го воведе на крајот на 2022 година за да го спречи ненадејниот пораст на цените на гасот поради санкциите против Русија и прекинот на испораката на рускиот гас преку гасоводите Јамал-Европа и Северен тек 1 преку Балтичкото Море.
Комисијата постави строги услови за нејзино активирање, па тргувањето на берзите се прекинува доколку цената на ТТФ надмине 180 евра. Лимитот стапува на сила и доколку цената на ТТФ три дена по ред е за 35 долари повисока од референтната цена на течниот природен гас на светските берзи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…
Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…
Германија значително го зголемува бројот на припадници…
„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…
Во разговор зад затворени врати со висок…
Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Иранска терористичка мрежа врбува млади за убиства…
Мрежата Фокстрот е организирана криминална група поврзана…