Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација информираа дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Тафталиџе и населбата Нерези од 09:00 часот до завршување со активностите, општина Карпош.
Поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.„Васил Чакаларов“ бб (Митрополит Теодосиј Гологанов), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Тафталиџе и населба Нерези до 09:00 часот до завршување со активностите, во општина Карпош.
Поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул. „Иван Козаров“ бр 51, без вода ќе останат корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Боте Ботевски“, „Дичо Петров“, „Божидар Аџија“, како и дел од ул. „Георги Димитров“ и дел од ул. „Вера Јоциќ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, во општина Кисела Вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…
Откако со години се жалеше на тоа,…
АХВ со нови мерки за водата во…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…
Дел од населбата 11 Октомври без вода
Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…
Хрватскиот министер за здравство по појавата на…
Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…