Бугарскиот амбасадор пред гробот на Делчев: Нашите внуци ќе се смеат на оваа генерација оти тоа што требаше да нѐ обедини всушност нѐ разделува

t

Дипломати од Бугарската амбасада во Македонија, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и претставници на бугарската заедница во земјава ја прославија 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и положија венци и цвеќиња на неговиот гроб во црквата Свети Спас.

-Се собравме да одбележиме особено значаен датум во историјата и на Бугарија и на С.Македонија. Во малку чудни услови, поделени и со тензија, му оддаваме почит на човекот чие име, Георги Николов Делчев, ни сите не го знаат, користејќи го прекарот Гоце. Во оваа ситуација, вреди да се потсетиме на зборовите на Гоце Делчев од неговото писмо до Никола Малешевски од 1899 година, дека овие поделби и овие расцепи не треба да нè плашат. „Жално е, но што да правиме, бидејќи сите сме Бугари и страдаме од истата болест. За 20-30 години нашите внуци ќе ѝ се смеат на оваа генерација дека работите што требаше да нè обединат, всушност нѐ разделија. Верувам дека ќе живеат во свет на поголема доверба и повеќе разбирање“, рекол бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков за наводната содржина на писмото на Делчев.

Претходно беше испратен повик за национално обединување и следење на Делчевата идеологија. Во црквата „Св.Спас“ се одржа и панихида. Неговото дело да биде сочувано – повика премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводеше владината делегација на гробот на Делчев во „Св.Спас“. Делчев е наш великан и дел од македонскиот идентитет- додаде премиерот.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во духот на одбележувањето на делото на идеологот на македонската борба за слобода, повика да ги надминеме разликите, да се обединиме за националните интереси и заедно да се бориме за попросперитетна Македонија.

Ниту премиерот, ниту претседателката Гордана Сиљановска Давкова не се одзваа на поканата на официјална Софија за присуство на концертот во чест на Делчев.

Црквата „Св.Спас во текот на денот беше отворена за посета на граѓаните кои сакаат да му оддадат почит на апостолот на македонската борба за слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…