(ВИДЕО) Кузеска: Непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник
Непотизам царува во Владата на Мицкоски. Безочно и бес осет, континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа, на грбот на граѓаните. Последен е скандалозниот случај со Љупчо Андоновски, татко на министерот за дигитална трансформација во Владата – Стефан Андоновски. Таткото на министерот Стефан, Мицкоски си го назначил за негов советник во Владата. Братот пак на министерот Стефан, Игор Андоновски, е назначен за началник на одделот на АНБ за град Скопје пред неколку месеци, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
– Значи едниот син министер во Владата на Мицкоски, другиот началник во АНБ а таткото Советник во Влада. Ова е класичен пример на непотизам и судир на интереси. Ова е срам и навреда за граѓаните. Бараме Државната комисија за спречување на корупцијата итно да отвори предмет и да постапи.
Додека илјадници млади и способни луѓе заминуваат од државата во потрага по работа, високите позиции во институциите се резервирани исклучиво за роднините на сегашните и поранешните функционери на ДПМНЕ. Нели ДПМНЕ ветуваше пред граѓаните дека ќе нема непотизам, дека ќе има департизација и дека нема со врски да се вработува. Додека младите се иселуваат од државата барајќи добра работа и мерит систем, партискиот непотизам царува во владата на Мицкоски.
Ова уште еднаш ја покажува вистинската природа на оваа власт – наместо компетентност и заслуги, пресудни критериуми за добивање работа и функции се семејните и партиските врски, однос неспособноста. Затоа, бараме и очекуваме Антикорупциската комисија во најбрз можен рок да постапи во согласност со своите надлежности и да ја заштити државата од вакви скандалозни злоупотреби. Македонија мора да биде праведна и правна држава, а не држава на непотизам и корупција – вели Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…