За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар

t

За 14 години Албанија ја напуштите околу 5.000 лекари од општа пракса, но и специјалисти по одредена медицинска гранка, како и над 11.000 медицински кадар.

– Заминувањето на белите мантили од Албанија не престанува. Податоците покажуваат дека трендот на заминувања во 2024 година бил ист како и претходните години. Поточно, во текот на изминатата година 146 лекари побарале потврда за добро однесување, што служи за вработување во странство. Во изминатите пет години бројот на лекари кои заминале е околу 800. Најголем број или 191 е регистриран во 2022 година.

Доколку се земе в предвид и бројката од над 4.000 лекари во периодот од 2010 до 2020 година, тоа значи дека за нецела деценија и пол Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари. Двојно поголема е бројката на медицинскиот кадар односно повеќе од 11.000.

– Заминуваат во земјите на Европска Унија, а прво место зазема Германија. Една од причините се лошите услови во кои работат лекарите поради недостигот на инфраструктура. Тука секако се и ниските плати споредено со оние кои ги добиваат во западноевропските земји, како и поголемите можности за нивно усовршување, истакнуваат албанските медиуми.

Посочуваат дека нивното заминување создава бројни празнини во здравствениот систем, не само во здравствени домови и регионалните болници, туку и во главниот град. Во ваква ситуација се очекува албанското население наскоро да се соочи со недостиг од матични лекари и лекари од итната медицинска помош, гранки кои не ги претпочитаат младите лекари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…

Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…

Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…

Во масовно пукање во градот Ири, во…

Москва ја поздрави пораката на Трамп за…

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…

По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…