Објавено на:

Трамп го повтори планот: „Израел ќе им ја предаде Газа на САД откако ќе ги протера сите Палестинци“

t

Доналд Трамп го повтори својот план Америка да го „преземе“ Појасот Газа, откако неговата идеја во средата беше отфрлена од Палестинците и од светските лидери.

Последната објава на претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи го детализира неговиот план за Газа – иако голем дел од тоа останува нејасно и некои елементи веќе се побиени од неговите сопствени функционери, пишува Би-би-си.

На својата платформа Трут сошл Трамп напиша дека Израел „ќе им ја предаде Газа на Соединетите Држави по завршувањето на борбите“.

„Израел ќе им го предаде Појасот Газа на Соединетите Држави по завршувањето на борбите. Палестинците, луѓето како Чак Шумер, веќе ќе беа преселени во многу побезбедни и поубави заедници, со нови и модерни домови, во регионот.“

„Тие всушност би имале шанса да бидат среќни, безбедни и слободни. САД, кои работат со големи развојни тимови од целиот свет, полека и внимателно би ја почнале изградбата на она што ќе стане еден од најголемите и најспектакуларни случувања од ваков вид на Земјината топка. Нема да бидат потребни војници од САД! Би владеела стабилност за регионот!!!“, напиша Трамп.

Чак Шумер, од еврејско потекло, е лидер на малцинството во Сенатот и демократ. Во говорот минатата недела тој го критикуваше Трамп дека постапките му се „непромислени и незаконски“.

Планот на Трамп предвидува Израел прво да ги протера сите Палестинци, а САД потоа да ја преземат територијата.

Сепак, Трамп вели дека ова би било направено без употреба на американски војници.

Тој веќе рече дека САД нема да платат за ова – реконструкцијата ќе биде финансирана од други земји за „луѓето во светот“ да можат да живеат во Газа додека повеќето Палестинци би биле „преселени… трајно“ на друго место, пренесе Би-би-си.

Трамп првпат го објави својот план за Газа во вторникот вечерта, велејќи дека сака САД да заземат „долгорочна сопственичка позиција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…