Украина подготвена да отвори хуманитарен коридор во руската област Курск
Украинското претседателство соопшти дека е подготвено да отвори хуманитарен коридор што ќе овозможи евакуација на стотици руски цивили од пограничниот регион Курск, доколку Москва го побара тоа.
„Подготвени сме да отвориме хуманитарен коридор во регионот Курск во случај на официјално барање од Русија“, изјавија од украинското претседателство за западни медиуми.
Повеќе од 1.500 цивили сè уште живеат во областите на регионот Курск во Западна Русија што украинската војска ги заплени во офанзивата започната во август.
Киев го даде предлогот во време кога Русија соопшти дека отфрлила нова офанзива на украинските сили во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Основачот на „Рибар“ приведен во Црна Гора:…
Основачот на рускиот воен канал „Рибар“, Михаил…
Од понеделник, системот „Безбеден град“ започнува со…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека од…
Дурмиши: Потрошувачката кошница во август изнесувала 58.475…
На едно четиричлено семејство во август му…
Митева со детален извештај за 35 години…
Денеска пред јавноста ги презентираме резултатите од…
Нема нови случаи на Западен Нил во…
Нема нови случаи на вирусот Западен Нил…