Сведокот Гоце практично го решил случајот со убиството на Вања?! – Ова се деталите

t

Денеска во Кривичниот суд свој исказ дава сведокот Гоце Трајковски кој истакна дека добил закани по живот пред да сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година.

Трајковски рече дека не познава никого од обвинетите, освен Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања. Тој рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо бил зет за прва братучетка на мајка му Кираца Трајковска.

Ова е неговото сведоштво.

Гоце Трајковски

Обвинителство:

O – Како дознавте за исчезнувањето на Вања?

Г – Дента на 27ми спиев до 10 саат, отворив Фејсбук и прочитав дека е исчезнато девојче од Песталоци, ѝ вртев на ќерка ми зошто учи во истоот школо, не ми се јави и вртев кај мајка ми да видам зошто не дига ќерка ми телефон, ми рече не се секирај на час е, ја следам на гпрс, на телефон. После некое време кај еден или еден и пол мајка ми ми пишува порака дали знаеш чиво е девојчето што е исчезнато, реков н, ми рече од Саше Ѓорчевски, кумот.

О – Во какви релации сте со Александар и како контактиравте?

Г – Имаме старо кумство, ми беше кум на првата свадба. Тоа му доаѓа пред 22-23 години.

О – Со Александар комунициравте?

Г – Се немав слушнато па 15-20 години.

О – Како стапивте во контакт со Александар?

Г – Мајка ми ми напиша порака дека е исчезната Вања, ќерка на Саше и ми рече јави му се, имаш луѓе секаде, да не му треба помош. Ѝ одговорив дека ми е глупо зошто се немам слушнато 15-20 години, да не испадне како да фаќам сеир. Вечерта кај осум пак ми рече јави му се прашај да не му треба помош, ми го прати бројот, му напишав „Саше здраво, Гоце е, на Кираца синот, ако ти треба некоја помош побарај ме“. Ми врати околу 10 мислам дека е во полициска станица со Зорица, даваат изјава, кога ќе излезат ќе ме побара.

О – Кога се видовте што Ви рече Александар?

Г – Истиот ден не се видовме, зборевме само по телефон, во моментот на Фејсбук се понуди некој човек со куче трагач, да пробаат да најдат трага, да се даде облека од Вања, Александар рече не е проблем, човекот после се откажа. Сабајлето зборев со Александар рече ај дојди да бараме заедно, ако можеш уз пат помини до Лукоил да ги земеш снимките од Партизанска, ама кога стигнав рече ги земал сам.

О – Што ви рече Александар?

Г – Го прашав да не има дечко, да не е заљубена, некои други проблеми, рече дека немало такви проблеми никогаш.

О – Каде се видовте првпат со Александар физички?

Г- Пред зграда од кај што е земено девојчето.

О – Што ви рече тогаш Александар, што се случило со Вања?

Г – Па не знам ама кажа дека не се десило цел ден вака да ја нема.

О – Како му помогнавте Вие на Александар?

Г – Прво прашав по која патека иде накај школо, ми извади на телефонот апликација, Саше и Зорица имаа, точно покажува кај се движела. Отидовме одма на улица, барав камери во сите околни објекти што се околу влезот, според движењето на телефонот. Прво баравме од самиот влез, има продавница за душеци, не известија дека камерите не им работат подолго време. После тоа отидовме од влезот на 5-6 метри лево има фризерница, има камера фаќа точно на метро до пред скалите и цела улица, девојката, газдарицата ни ги даде одма камерите на телефон од кај нејзе да ги гледаме. Јас и Александар заедно бевме.

О – Рековте дека Александар претходниот ден бил во полиција, како вие дојдовте до идејата сами да ги барате снимките со оглед на тоа дека е пријавено кај овластените лица?

Г – Затоа што никој не реагираше, си беа собрани на куп 30 полицајци, никој ништо не работеше, си седеа како жмурка да играат.

О – Што видовте на камерите?

Г- Баравме Вања дали иде пешки, враќавме од 7.10 часот до 7.30 гледавме, а Вања искочила во 7.20 часот така нешто. Ја немаше Вања на снимките и се чудевме зошто ГПРС-от покажува таму, а нејзе ја нема. Ја прашав газдарицата дали се во нормален пеирод камерите, да не каснат напред, назад, рече дека пет минути се напред така некако беше. Му реков на Саше да се јави кај Зорица да праша кое време излегува од дома, рече дека Зорица излегува од дома во 7.35 или 7.40, да видиме дали е точниот ден на камерите, затоа што и Зорица одела по истата улица. Зорица искача во 7.40 и се гледа на камерата како испаничено трча по сред улица и телефонот го става во заден џеб.

О – Што ви рече Александар коа се видовте, дали ја барал претходниот ден Вања?

Г – Мислам дека ми кажа дека ја барале со Зорица заедно, вртеле по болници да не ѝ се десило нешто, да не ја удрила кола нешто така. Не памтам дали ми рекоа дека иделе до Водно барале и дека кај некоја куќа напуштена барале.

О – Каде ги гледавте вие со Александар тие снимки што сте ги прибавиле?

Г- Прво на лице место во фризерницата, од Лукоил Саше сам си ги имаше набавено од дирекцијата и во спална соба кај нив во станот на компјутер.

О – Што видовте на тие камери?

Г – Баравме на фризерницата Вања ја немаше нигде, Зорица ја гледаме ја има. Отидов одма кај пријатели што се во Чардак кафаната, да не е по боемска улица отидено, ми рекоа дека не им фаќаат камерите на улица туку само внатре во кафаната и дека веќе полиција ги има прашувано. Тогаш се јавив кај другар во Сејф сити што работи и го замолив дали може да провери дали проаѓа накај Парк, помисливме да не отишла да направи некоја глупост во парк. После некое време се јави, рече дека ги провериле сите камери, не фаќа пола паркинг, накај Град Скопје ја нема, накај Сити хотел ја нема, не оди накај Зоолошка, не ни праќале снимки, да не дојде до забуна, туку само муабет меѓу мене и него. Рече дека цела полиција е вклучена, се чудат сите, девојчето како со хеликоптер да е земено, не може никој да го најде, немаат појдовна трага.

О – Тоа лице е вработено во Сејф сити?

Г – Да

О – Тоа лице ви кажало дека интензивно пребарувале со овластените лица, тоа лице овластено е да ви дава податоци? Како тоа лице ги прибавило камерите за да ве извести?

Г – Лицето ги нема прибавено туку во моментот ги гледа и имаше оперативен штаб, 70 луѓе што заедно Сејф сити и СВР Скопје работеа заедно на случајот. Не споделувале службени тајни со мене туку само ми кажа сите се чуделе како го нема девојчето.

О – Кој ден е тоа кога ве известува лицето од Сјеф сити?

Г – Вторник или среда, не памтам точно.

О – Како продолживте вие понатаму со дејствијата?

Г – Од фризерницата Саше отиде кај пријател во Синдикат кафичот, го замоли да ги дадат камерите, дечкото ги даде одма камерите, јас продолжив од Синдикат кафичот накај кружен тек од лева страна има менувачница. Човекот кажа влези може да ги гледаш слободно, само што почнавме да ги гледаме влегоа двајца полицајци, му кажаа за што се работи, рече не е проблем. Гледавме 2-3 минути, им реков нешто ми е чудно, едниот ми рече куме ти не се мешај седи си на страна, им реков толку ли не сфаќате дека детето е исчезнато дење, а на снимките што ги гледате е темница. Газдата кажа дека два саати му е напред-назад камерите. На тие снимки видовме девојче што беше облечена 95% исто како Вања, само што кај Вања, Зорица како што кажа дека имал правоаголник, а овој на камерите имаше кругче. Земав да сликнам со телефон, еден од инспекторите ме опомена и ме избрка надвор.

О – Во меѓувреме Александар има ли некои други активности освен со Вас?

Г – Ми се јави, седеше со инспектори, а јас продолжив накај Дебар Маало.

О – Што заклучивте од гледањето на снимките на крај?

Г – Утврдивме дека не е помината ни накај Зоолошка, ни накај Влада, останува само оваа улица накај менувачницата што е. Гледавме коли што поминаа, некои 10-15 коли поминаа, правевме скриншот за секоја кола. Мислам дека тоа беше среда.

О – Рековте дека сте почнале да анализирате коли, што заклучивте во однос на колите?

Г – Мене ми падна чудно што првите 5-6 коли проаѓаат сите со 40-50 на саат брзина, кога помина Цитроенот многу димеше од позади и многу споро возеше, 10 на саат, одма му реков на Саше дека колата ми е сумлива, дека колата е тазе запалена и прозорите беа малку замаглени, дека е тргната од близу.

О – Како заклучивте дека тоа возило е марка Цитроен?

Г – Не знаев дека е Цитроен, туку го познав бидејќи порано кај што живеев имаше еден таков, крилата фаќаат до пола гума, другите коли не е така.

О – А другите коли какви исчадувања имаа?

Г – Не се ни приметуваше на снимките, Цитроенот повеќе димеше и сите возеа со иста брзина, а Цитроенот лазеше. Александар ја виде, рече Вања нема шанси да се качи во ваква кола, направив скриншот од 15 возила и од 3-4 души што поминуваат во моментот. Ги препратив сите кај другат од Сјеф сити, после отидов кај Правда кафичот да барам други камери, Се јави другарот од Сјеф сити по неколку часа ми вика ти си ненормален кај го најде Цитроенот, прво помислив дека истиот муабет ккао таткото, кај ја најде оваа кола, рече ја бараме три дена исчезнал велешанец.

О – Во моментот кога вие ја праќате снимката од Цитроенот, колку други возила пративте?

Г – Па имаше и други возила, 10тина возила што поминуваа во период од 10-15 минути кога ја снемува Вања.

О – Вие во Цитроенот што забележавте?

Г – Фаците не се гледаат, шофер се гледаше, и назад како да седи некој, напред како да беше празно не можевме да утврдиме.

О – Во однос на регистарстака табличка на Цитроенот дали беше видлива?

Г – Не се гледаше на ниедна од колите, после тоа таткото отиде во менувачницата, таму имаат бомба камери, ги побара камерите и газдата му рекол полицајците ги земаа и ги избришаа од кај мене.

О – Вашиот пријател од Сјеф сити ви кажал за кое возило станува збор?

Г – Рече исчезнат велешанец, отвори на Гугл, пишав Панче Жежовски и ми излезе истиот Цитроен. Во меѓувреме ми се јави мајка ми и ѝ кажав.

О – Вашиот пријател ви кажа ли нешто за тоа како може да се проверува во Сјеф сити?

Г – Знам јас од претходно дека ако ја внесеш таблицата дава кај се наоѓа колата.

О – На таа снимка што му ја пративте рековте дека вие не сте ја збаележале регистарската табличка. Како вашиот пријател знаел?

Г – Да ви објаснам зошто за ова се расправавме и кај вас во Обвинителство, не е секојдневна кола, една има таква, стара кола, се гледа точно движењето, ако ви кажам дека таму поминува една кола, ќе упалите камерите минута напред-назад и ќе ја најдете, нема сто такви коли.

О – На која снимка се гледаше таблицата?

Г – Јас ја немам видено, од Сејф сити треба да прашате, тие си знаат кај виделе.

О – Александар дали знаеше за движењето на Цитроенот?

Г – Да, тој цело време бараше, викаше ќе викнам телевизија у полиција ништо не работат. Камерите што ги зема Саше од Лукоил, се гледа Цитоеенот како се приклучува од Правда кафичот и вози во трета лента која е празна, може да продужи право, а се враќа назад во втора лента, и ми падна сомнително како некој да му рече вози позади мене во втора лента.

О- Друго сомнително возило имаше ли?

Г – Едно комбе големо и пикап бел. На камерите се гледаа кангуто и цитроенот едно по едно, белото комбе после го снема и го елиминиравме.

О – Регистарската табличка ја забележавте на кангуто?

Г – Не, тоа Сејф сити како ги препраќавме они си проверуваа. Кога ми кажа другарот да пребарам на Гугл за Панче Жежовски, имаше и оглас дека се продава Цитроен и таму само ја видов таблицата, 2931 дури на памет ја знам.

О – Кој ден вие заклучивте дека има поврзаност меѓу тие две возила?

Г – Не заклучив јас туку другар од поллиција, четвртокот беше тоа, ми рече тоа Кангуто и Цитроенот цело време идат заедно, јас и таткото во моментот прегледувавме снимки во спалната на компјутер, телефонот го оставив на интерфон кога ми се јави другарот, рече ќути не му кажувај на таткото да не паничи имаме осомничени некои велешани и некоја жена Билјана ли не знам како се викала пикапот што им го дала. Јас го изгасив интерфонот за да не се паничи таткото, да не слуша, после некое време Александар сам се јавил кај Музафер инспекторот, рече има осомничени велешани, апсете ги. Еве да кажам лажат инспекторите сите до еден и ќе кажам се што и како ме терале да правам.

О – Велите во тој период дека сте интензивно со Александар Ѓорчевски, што ви е познато, работи ли Александар, од што живее?

Г – Знам дека работел во Кометал па во Фершпед, во моментот не го ни прашував дали работи.

О – Имал ли некогаш навика да ги носи и Вања и Миња на училиште?

Г – Не знам, јас ни Зорица не ја знаев претходно, ја запознав откако ја снема Вања. Зорица и братучедка ми ми кажаа дека бил грижлив татко, рекоа не ни се верува полицијата што кажува дека е осомничен, знаеме колку се тресеше поготово за Вања, еднаш да кивнеше ја носеше на доктор и ми напомена дека Вања и Миња претходно се договарале да шетаат со другарките во Ист Гејт, Саше ги однел и не ги оставил сами да се враќаат туку спиел во кола ги чекал. Имал дадено отказ само за да седи со децата.

О – Што ви рече Александар, станот на Наум Наумовски Борче чив е?

Г – Немаме правено муабет за тоа

О – Имаше ли Александар некогаш долгови?

Г – Се немав видено 15-20 години со него, мислам дека немал затоа што од имотна фамилија се, да му требале пари имал станови ќе продадел.

ПАЛЕВСКИ

П – Спомнавте дека сте контактирале со инспекторот Каришиќ, дали му праќавте пораки на господинот Каришиќ во врска со вашиот другар Сокол, директор на КПУ Затвор Скопје?

Г – Сокол не ми е другар, брат ми е.

Обвинителство: Приговарам, вкрстено може да праша само за тоа што бил испрашуван при директно испитување, ова не е поврзано со испитувањето, ниту има врска со кривично-правниот настан.

Суд: Не се дозволува прашањето

СТРАШЕВСКИ

С – Кажавте дека имате одредени закани по Фејсбук, посочивте дека се од некои психопати, може ли да ни објасните точно кои се тие?

Судот донесе решение, не се дозволува прашањето.

С – Ќе се согласите ли со мене, дека вие како сведок на Обвинителтвото, немате право да го раскажувате случајот на Фејсбук?

Г – На мојата Фејсбук страна што сакам ќе објавувам ќе пишувам.

С – Ќе се согласите ли со мене дека вашиот пријхател од Сејф сити незаконски ви давал информации и ги споделувал со Вас?

Г – не споделувал информации, не ми кажувал како оди истрагата, се работи за девојче, правевме муабет на другарска база

Страшевски: Барам изземање Ваше затоа што дозволувате да кажуваат дека ние во судницата сме психопати, второ во теокт на денешното судење не дозволувате да се поставуваат прашања, а тоа беше прашањето, истото обвинителство го постави, дали господинот од сејф сити имал право да дава информации на неовластено лице за текот и начинот на истрагата. Неколку пати не дозволивте прашања од Обвинителството да се одговорат, ги опоменувате да се прескокнат прашања, затоа што тоа некому не одговара, последната причина е дека дозволувате лично да не навредуваат, ме опоменавте за разговор со Палевски дека ќе бидам казнет, а за навреди не реагирате, затоа барам Ваше изземање.

Суд: Благодарам, дали имате вкрстени прашања?

Страшевски: Имам ама во ваква атмосфера не можам да прашувам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…