Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во Војводина и близок сојузник на Вулин

t

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и родова рамноправност во Војводина, Предраг Вулетиќ, е уапсен под сомнение дека со злоупотреба на службената положба овозможил незаконска исплата на околу еден милион евра, објави „Данас“.

Припадници на Управата за криминалистичка полиција вчера извршиле контрола во Покраинскиот секретаријат за социјална политика, демографија и родова рамноправност, а денеска го уапсиле Вулетиќ и уште една вработена во институцијата.

Според соопштението на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, уапсена е и Д. М., претседателка на комисијата задолжена за разгледување на пријавите за доделување финансиска помош.

Обвинителството се сомнева дека двајцата ја злоупотребиле службената положба и овозможиле други луѓе незаконски да добијат вкупно 1,11 милиони евра од покраинскиот буџет. Парите биле наменети за семејства во кои се родило трето или четврто дете, за купување или решавање на станбено прашање, односно за подобрување на условите за живеење во Војводина.

Станува збор за финансиска помош што се доделувала врз основа на конкурсите објавени во 2021, 2022, 2023 и во 2024 година. Според обвинителството, дел од парите завршиле кај луѓе кои не го исполнувале ниту основниот услов за добивање на помошта – да имаат трето или четврто дете.

На двајцата осомничени им е одредено задржување до 48 часа. Во тој рок треба да бидат изведени пред обвинителството во Нови Сад, каде што ќе бидат сослушани.

Предраг Вулетиќ е член на Претседателството на Движењето на социјалистите, партија на чие чело е Александар Вулин, и важел за еден од неговите најблиски соработници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка

Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ),…

Народот што го чува својот јазик и…

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека народот кој…

Во престрелка во Војводина убиени две момчиња,…

Во престрелката што ноќеска околу полноќ се…