19.000 лица возеле без возачка дозвола, лани животот во сообраќајки го загубиле дури 142 лица!

t

142 животи се изгубени во сообраќајни несреќи на македонските патишта само минатата година.

Последните 3 години, таа бројка е околу 400. Лани 19 000 лица биле фатени како возат без воопшто да имаат положено за возачка дозвола, а слични се бројките и изминатите години.

Во текот на 2024 година, на патиштата низ државата случени се вкупно 8.457 сообраќајни незгоди, од нив 124 се незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 142 лица, информираа од Министерството за внатрешни работи на новинарско прашање на Инфомакс.

Најмногу сообраќајни незгоди имало на територијата на СВР Скопје и тоа вкупно 3261 сообраќајка, а на истото подрачје има и најмногу сообраќајки со смртни последици и вкупно загинале 30 лица.

Овие податоци се дел од анализите што ќе бидат земени предвид при подготовката на измени на неколку закони со кои ќе треба да се подобри безбедноста во сообраќајот.

На јавната расправа во Собранието, министрите најавија дека, за безобѕирно возење, наместо алтернативна парична казна, ќе се изрекува казна затвор.

Системот „безбеден град„ ќе препознава и нерегистрирани возила, ќе се набават на тестови за дрога за возачите, казните за возење без положен возачки испит ќе бидат високи, а при најтешки дела ќе се одзема возилото.

Но, потенцираа дека, високите казни не значат ништо ако не се спроведуваат.

На дебатата беа дадени предлози и да се намали дозволениот процент на алкохол во крвта за возачите, а за професионалните возачи и целосно да се забрани.

Да се постават брановидни блокади или да се подигне коловозот пред пешачките премини,булеварите да се оградат со високи огради,но и да се зголеми казната за тие што во град возат со брзина поголема за 30 од дозволената, затоа што најголемите страдања се предизвикани од брзината од 65 до 80 км на час со која се вози по скопските улици и во поголемите градови.

Професорите по казнено право и докторите укажуваат дека, општата некултура ни се рефлектира и во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…

Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…

Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…