Трамп најави воведување тарифи за челик и алуминиум- потег што најсилно ќе се одрази врз Канада
Американскиот претседател Доналд Трамп најави увозен данок од 25 отсто за челик и алуминиум што влегуваат во САД, потег кој што најсилно ќе се одрази врз Канада.
Ова означува уште една ескалација во трговската политика на Трамп, што веќе предизвика одмазда од Кина. Новиот претседател на САД исто така рече дека во текот на неделава ќе има објава за реципрочни тарифи за сите земји кои го оданочуваат увозот од САД, но тој не прецизираше кои нации ќе бидат цел, ниту дали ќе има некакви исклучоци.
За време на неговиот прв мандат, Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум од Канада, Мексико и Европската унија.
Но меѓувреме постигнаа договор со Канада и Мексико за ставање крај на тие царини, иако увозните даноци на ЕУ останаа на сила до 2021 година.
Како одговор, Даг Форд, премиерот на провинцијата Онтарио, во објава на интернет го обвини Трамп за „поместување на столбовите и постојан хаос, ставајќи ја економијата на земјата во ризик“.
Меѓувреме, австралискиот премиер Ентони Албанесе пред парламентот рече дека неговата влада ќе „поднесе“ барање до САД, Австралија да добие ослободување од какви било царини за челик и алуминиум – нешто што го добија за време на првиот мандат на Трамп.
Тарифите се централен дел од економската визија на Трамп – тој ги гледа како начин за раст на американската економија, заштита на работните места и зголемување на даночните приходи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Резил: Руте го нарече Трамп „тато“
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…
Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП…
Дводневниот самит во Хаг го покажаа вистинското…
Шекеринска: Без дијалог Белград–Приштина, нема напредок кон…
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во…
За британската гаранција, азилантите, кредитот за брзата…
Шансите Македонија да добие комерцијален кредит со…
Синдикат на културата: „Плата нема“ – новото…
„И понатаму две институции од областа на…