Гостивар со осум советнички места помалку поради резултатите од пописот, Крива Паланка со минус четири
Најголем пад во советничките мандати за следните локални избори ќже претрпи општина Гостивар, каде во следните години ќе има дури осум советници помалку. Според резултатите од пописот од 2002 година оваа општина имала 81.000 жители, што според Законот треба да има 31 советничко место, но по резултатите од 2021 година, Гостивар има резидентно население од 59.770 жители, што значи дека бројот на членови ќе изнесува 23.
Според Законот за локалната самоуправа, бројот на советнички места се одредува според бројот на жители и тој не смее да биде помал од девет (во општините до 5.000 жители) и не смее да биде поголем од 33 советници. Исклучок од ова е Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа која е регулирана со посебан закон.
Во 10 општини ќе се намали и бројот на советнички места, а од оние поголемите – помалку советнички места ќе има и во Куманово (минус две) и Крива Паланка (минус четири).
Понатаму, четири советници помалку ќе имаат Советите во општините Јегуновце, Теарце, Ново Село, Желино, а два помалку советници ќе имаат Советите во Дебрца, Пехчево и Центар Жупа.
Бројот на советници ќепорасне само во скопската општина Карпош каде од сегашните 23 бројот на советници ќе се зголеми на 27, како и во во општината Студеничани, каде ќе има зголемување од 15 на 19..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…