Ќе ја прават Албанија повторно голема: Менаџерот на кампањата на Трамп ќе ја води кампањата на Сали Бериша и Демократската партија

t

На три месеци до парламентарните изборите во Албанија закажани на 11 мај, Демократската партија на Сали Бериша започна блиска соработка со оние кои работеа рамо до рамо со американскиот претседател Доналд Трамп.

Се известува дека менаџерот на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, Кристофер Лацивита, ќе ја води кампањата на Демократската партија во Албанија на изборите на 11 мај.

Кристофер Лацивита е политичкиот консултант кој ќе работи со Сали Бериша во текот на целиот изборен период. Според албанските медиуми тој веќе е во Тирана.

Политичкиот лидер на Демократската партија за Тирана, Белинд Келичи преку објава на социјалните мрежи наведува дека копретседавачот на кампањата на претседателот Трамп од денеска и официјално ќе ја води кампањата на Сали Бериша и Демократската партија.

„Направете ја Албанија повторно голема. Коменаџерот на кампањата на претседателот Трамп од денеска официјално ќе ја води кампањата на Сали Бериша и на Демократската партија“, напиша Келичи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…