Мисајловски во Брисел на состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана

t

Министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски денеска и утре ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана. Во Брисел денеска министерот ќе учествува на состанокот на Контакт-групата за Украина, за прв пат предводена од Обединетото Кралство.

Во текот на утрешниот ден, министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ќе стане збор за широка лепеза на теми – од зацврстувањето на одбраната и одвраќањето на Алијансата и целите на способности, до инвестициите во одбраната и засилување на одбранбената индустрија.

Состаноците ќе завршат со неформален состанок на Советот НАТО – Украина, на кој освен сојузниците учество ќе земе и високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата во засилена акција: 161 прекршок кај…

Полицијата вчера спровела засилени сообраќајни контроли низ…

Владата ја продолжува мерката за намалување на…

Владата ја продолжува мерката со која ДДВ…

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното…

Америка подготвува јавна егзекуција по 90 години:…

Американската војска планира во живо да ја…

Мицкоски: Уставните измени остануваат услов, бараме начин…

Ставот на Владата за уставните измени како…