Меџити најави дека најдоцна следната недела ќе излезат со нов, посебен закон за правична застапеност

t

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити во интервју за Алсат М најави дека во текот на неделава се очекува да се одржи претпоследна или последна средба за усогласување на ставовите меѓу ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во однос на Законот за правична и соодветна застапеност.

„Во принцип, ги усогласивме нашите позиции и верувам дека до крајот неделава, или следната недела, ќе излеземе со законско решение или посебен закон за соодветна и правична застапеност, и ова ќе биде унапредување на правата на Албанците, бидејќи досега тоа беше само механизам, но не и вистинско правно решение“, изјави Меџити во интервју за Алсат М.

Тој посочи и дека ова законско решение, или посебен закон за соодветна и правична застапеност, ќе биде поддржан од Владата во целост, а не само од коалицијата ВЛЕН.

Правичната застапеност на заедниците до пред неколку месеци беше регулирана преку алатката балансер, алатка која беше укината од страна на Уставниот суд на 9 октомври 2024 година, поради злоупотребата и, како што наведе претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски.

Претходно, од коалицијата ВЛЕН најавија дека изработуваат нов предлог закон за правична застапеност, како замена за балансерот.

„Изработуваме Закон за правична застапеност, кој на увид на експертската јавност ќе го ставиме користејќи јавни расправи со цел да добиеме ефикасно и одржливо решение кое целосно ќе биде спроведливо во пракса и ќе им овозможи на Албанците да се вработуваат во државните институции врз основа на професионални вештини, а не заради партиска припадност“, се наведува во соопштение од коалицијата ВЛЕН во септември 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма во Гази Баба: 59-годишен скопјанец натепан…

59-годишен скопјанец пријавил физички напад од страна…

Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра: Киел…

„Киел Македонија“, која е дел од германската…

Драматичен апел на Зеленски: Го забавија „Старшилд“,…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Савески за Алта банка: Секоја кривична пријава…

Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична…

Сведок: Обвинетите полицајци од Пробиштип биле испратени…

Полициските службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски…