Товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините кај Поликастро, линијата може да остане затворена два месеци
Дел од втората локомотива на товарен воз што сообраќал од Гевгелија за Солун, синоќа делумно излетал од шините во близина на градот Поликастро во северна Грција, а според генералниот секретар на синдикатот на вработени во Организацијата на грчките железници (ОСЕ) поради нанесената штета на шините за околу две месеци ќе биде затворена рутата Скопје-Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката компанија „Hellenic train“ денеска кусо соопштија дека вчера во 21:25 часот во близина на Поликастро дошло до „делумно излетување од шините на задната оска на втората локомотива на товарниот воз 45201, кој сообраќаше на релација Гевгелија – Солун“ и додадоа дека не постоела никаква опасност за безбедноста на персоналот, а компанијата соработува со надлежните органи за да се истражат причините за излетувањето од шините.
Од друга страна, генерален секретар на Синдикатот на вработени во ОСЕ Никос Цикалакис за информативниот портал „Карфица“, објаснил дека екипи се на терен за да се процени ситуацијата и можно е да се затвори станицата кај Идомени за да се санира предизвиканата штета.
– Според првичните информации, штетата е над четири километри, па европската рута на земјава од Скопје ќе биде затворена два месеци, рекол Цикалакис и додал дека ќе постои само линијата од Бугарија и само оваа ќе се користи за меѓународен сообраќај.
Информацијата дека поради штетата на шините, меѓународната линија преку Скопје, се очекува да остане затворена околу два месеци ја пренесе и државната телевизија ЕРТ повикувајќи се на извори од ОСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен осомничен саботер за теpopистичкиот напад на…
Саботерот имал двојно руско-италијанско државјанство, бил регрутиран…
Трагедија: Неготинец почина откако воз удри во…
На 08.09.2022 во 02.00 часот пријавено е…
Протестите продолжуваат: Возовите ќе бидат блокирани и…
Откако утрово од страна на надлежните беше…
Несреќа во Прилеп: Воз удри во автомобил
Во Полициската станица Прилеп вчера во 17.…
(Видео) Гореше локомотива кај Кукуричани: Лугето го…
Пожар во локомотива на Македонски железници избувна…