Денес е Валентајн за швалери и швалерки – Не ги пуштајте партнерите вечер да излегуваат
Денот пред 14. февруари, кого цел свет веќе го знае како Денот на вљубените, во Америка, во Западна Европа, особено во Англија го одбележуваат како неофицијален ден на љубовниците. Британскиот весник „Сан“ пишува дека Денот на љубовниците е избран како ден за славење на партнерите кои од различни причини ја кријат својата љубов.
– Денес повеќето неверни жени и мажи ја прославуваат забранетата врска или секс- афера, бидејки веќе утре ќе имаат реприза на прославата, но со своите постојани партнери, пишува „Сан“.
Еден од сајтовите за склопување на вонбрачни врски неодамна спровел изтражување кое покажало дека 52 проценти од растурачите на бракови ја кријат својата тајна врска и го слават 13 фебруари. Освен тоа и подароците кои тогаш се разменуваат се многу посмели и побезобразни од оние подароци кои мегу себе си ги разменуваат постојаните партнери или сопружниците.
– Љубовницте се многу поопуштени, па затоа и бираат малку побезобазни подароци, додека постојаните партнери играт на сигурна карта, велат брачните советници.
Интересно е и што пет проценти од испитаниците кажале дека Денот на вљубените со својата тајна љубов ќе го слават следниот ден односно на 15. февруари, а дури 12 проценти од прељубниците изјавиле дека ќе си бидат со швалерот или швалерката токму на Денот на вљубените, односно на 14 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…