Објавено на:

(Видео) DOGE на Илон Маск влезе во седиштето на американската даночна агенција

t

Персонал на Одделот за владина ефикасност (DOGE) во четвртокот го посети седиштето на американската Служба за внатрешни приходи за да го прегледа работењето на даночната агенција. Оваа инспекциска посета е дел од мисијата на новото министерство на чело Илон Маск, за проценка и потенцијално намалување на владините агенции.

Според информациите на американските медиуми, раководител во DOGE, Гевин Клигер, меѓу другите барања, побарал опис на тоа што прави секоја деловна единица во американската УЈП, што треба да биде испорачано во следните 90 дена и со какви ризици се соочува секоја единица моментално. Во четвртокот немало индикации дека е пристапено до чувствителните информации на американската УЈП. Вработените во DOGE неодамна добија пристап до критичниот систем за плаќање на Министерството за финансии – кој судот подоцна го блокираше. Има многу малку луѓе кои имаат пристап до чувствителниот даночен систем, за кој има неколку проверки и за оние кои можат да пристапат до него.

Американскиот претседателот Доналд Трамп во четвртокот ја пофали досегашната работа на DOGE, велејќи дека иако тимот ќе се обиде да го истражи работењето на даночната агенција (IRS), тој нема да ја затвори агенцијата.

„Не, но мислам дека на Службата за внатрешни приходи ќе се гледа како на сите други. Скоро сите ќе бидат разгледани… DOGE прави неверојатна работа“, им рече тој на новинарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…

ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…

Унгарската Национална служба за обновување и заштита…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…

Не им требаат било какви работници –…

Европскиот пазар на труд се соочува со…

Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и…