Јулија Навални: Путин никогаш нема да преговара искрено

Вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија Навална, изјави дека „нема смисла да се преговара со Путин“.
Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција, Навална порача: Обидите за преговори со (рускиот претседател Владимир) Путин се бесмислени. Тој ќе ве излаже и ќе ве предаде, нагласи таа.
Навална, исто така, истакна дека „војната што Путин ја започна во Украина ќе заврши во моментот кога тој ќе си замине“.
Изјавата на Навална доаѓа точно една година по смртта на нејзиниот сопруг Алексеј Навални во руски затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто „Јулија“ ги избриша Фејсбук страниците за…
Јазичното студио „Јулија“ од Бугарија ги избриша…
Навални се пренесува во друг затвор
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен…
Навални: Ми се закануваат уште 15 години…
Рускиот опозиционер Алексеј Навални изјави дека против…