Велика Британија е подготвена да испрати свои војници во Украина

t

Велика Британија е подготвена да испрати свои војници во Украина, доколку е потребно, како гаранција за безбедноста на таа земја, изјави британскиот премиер Кир Стармер во текст за весникот Телеграф.
„Велика Британија е подготвена да игра водечка улога во забрзувањето на работата за обезбедување гаранции за Украина. Ова вклучува континуирана поддршка за вооружените сили на Украина, за кои Обединетото Кралство посветува три милијарди фунти годишно најмалку до 2030 година. Тоа ја покажува нашата волја и желба да придонесеме за гарантирање на безбедноста на Украина со распоредување на нашите војници на територијата на земјата, доколку е потребно“, напиша тој.


Премиерот рече дека ја чувствува „многу длабоко“ одговорноста поврзана со потенцијалната закана за британските сили, но помагањето на Киев, според неговите зборови, ќе ја обезбеди безбедноста на континентот и самата Британија.
Стармер ја повика Европа да преземе мерки за обезбедување на европската безбедност преку зголемување на трошоците и преземање поголема улога во НАТО.
„Ние зборуваме за тоа премногу долго – и претседателот Трамп е во право што бара да го направиме тоа“, рече премиерот.
Прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков предупреди дека распоредувањето на мировните сили е можно само со согласност на страните во конфликтот. Според него, рано е да се зборува за мировници во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…

Фон дер Лајен: Украина ќе може да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…