Зеленски: Не ги признаваме преговорите меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија!
Украина не знаела ништо за преговорите во Саудиска Арабија и нема да ги признае, најави шефот на украинскиот режим Владимир Зеленски.
„Украина нема да учествува (во преговорите). Украина не знаеше ништо за тоа. И Украина ги смета сите преговори за Украина, без Украина, за преговори кои немаат резултат. И не можеме да признаеме никакви работи или договори за нас, без нас. И ние нема да признаеме такви договори“, рече Зеленски, коментирајќи ја утрешната средба меѓу претставниците на САД и Руската Федерација.
Тој посочи дека неговата посета на Саудиска Арабија ќе започне утре, но дека таа нема да биде поврзана со руско-американските преговори. Претседателот ќе го праша саудискиот премиер Мохамед бин Салман за што се преговорите.
Да потсетиме, на преговорите во Ријад кои ќе почнат утре ќе присуствуваат шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков. Од американска страна меѓу другите ќе присуствува и шефот на Стејт департментот Марко Рубио.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Украински разузнавачи: „Руските ресурси за војна може…
Руските ресурси за војна може да ѝ…
Путин нареди тридневен прекин на нападите врз…
Рускиот претседател Владимир Путин наредил да не…
Путин: Има можност за склучување мировен договор…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…