МЗ: Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри

t

Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псеудоартроза, објави Министерство за здравство.

„Пациентот е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализант по анестезија д-р Ерхан Салкоски, инструментарка Татјана Дукадиновска, помошник инструментарка Биљана Троановиќ, сестра анестетичар Мерита Рамадами, болничар Дардан Сељмани и радиолошки техничар Крешник Шеху“ – напишаа од Министерството во објава на Фејсбук.

„Изразувам благодарност и почит до сите здравствени работници вклучени во процесите на трансплантација. Дарувањето на органи е највисока форма на човекољубие и хуманост во моменти на лична и семејна загуба. Самиот чин на дарување да се спасат неколку други животи или да се подобри квалитетот на живот кога семејството е во голема болка од загубата, секогаш ме остава без здив од нивната хуманост и величина“, вели проф. д-р Билјана Кузмановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Воспоставивме електронска платформа за користење светски…

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска…

МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…

Министерството за здравство информира дека над 50…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…

Левица: Нема термини за прегледи за рак…

Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики…