Зошто не треба да ги тргате белите „конци“ на бананите?

t

Свесно или несвесно, многу луѓе ги тргаат белите „конци“ од бананите. Доколку и вие го правите тоа, треба да знаете дека тие имаат цел и се корисни за нашата исхрана.

Белите „конци“ всушност се снопови флоем, поим што веројатно сте го учеле на час по биологија, а заедно со ксилемот, флоемите пренесуваат храна и вода на растението, обезбедувајќи доволно хранливи материи, минерали и вода за раст.

Поедноставно кажано, овие нишки ги распоредуваат хранливите материи низ бананата додека таа расте и со тоа ни овозможуваат да уживаме во вкусот на бананите.

Стручњакот за неорганска хемија и директор на Dole Nutrition Institute, Николас Гилит, откри нешто повеќе за овие нишки.

„Иако не ги тестиравме посебно сноповите флоем, веројатно е дека би постоела разлика во нивната хранлива вредност. Бидејќи се наменети за извршување на одредена функција и како такви веројатно имаат дефинирана структура која ја поддржува таа задача, очекувано е да имаат поинаков профил на состав од вообичаеното јадливо ‘месо’ на бананата. Веројатно содржат повеќе и различни видови влакна и структурни компоненти потребни за нивната функција. Поради тоа веројатно би имале поинаков прехранбен профил за луѓето“, навел тој.

Меѓутоа, овие нишки се присутни во толку мали количини во споредба со остатокот од бананата, што не се очекува да влијаат на вкупниот нутритивен профил на бананата, освен ако не ги изедете во големи количини.

Гилит истакнува дека овие „конци“ се здрави како и останатите делови од овошјето и дека би можеле да ги јадете и корите од бананите. Со оглед на тоа дека содржат влакна, многу се здрави, а познато е дека влакната поттикнуваат здрава работа на цревата и помагаат при слабеење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…