На Агелер ѝ е мило што Мицкоски сега е во Вашингтон
Американската амбасадорка, Анџела Агелер го поздравува тоа што премиерот Христијан Мицкоски за седум месеци е три пати во Вашингтон, што зборувало за блискоста на односите меѓу САД и Македонија. Мицкоски присуствува на годишната Конференција на конзервативната политичка акција
„Мило ми е што премиерот и членовите на неговиот кабинет се во Вашингтон. Фактот што тој е неколку пати таму откако ја презеде неговата позиција како премиер, исто како и многу други министри само зборува за близината на нашите односи и на многу начини покажува дека ние како САД и Северна Македонија билатерално може да соработуваме. Очекувам дека таа соработка да биде зајакната“, рече Агелер во одговор на новинарско прашање по примопредавање на мобилно оперативно возило на Црвен крст.
Таа нагласи дека Вашингтон не дава гаранции за македонскиот пат кон Европската унија, бидејќи САД не се членка на Унијата.
„Мислам дека за тоа се водат и се воделе разговори со високите претставници на ЕУ“, рече Агелер.
Прашана како ќе се одрази одлуката на претседателот Трамп за замрзнување на програмите на УСАИД рече дека сѐ уште не знае како тоа ќе влијае на идната американска поддршка на развојот на земјава.
„Ова е процес што е во тек и јас не знам како ќе се одрази на нашата идна поддршка на развојот. Сепак можам јавно и приватно да и кажам на Владата и на нашите партнери дека ние сме тука. САД не си одат и правиме фантастични партнерски настани каков што е денешниот со примопредавањето на специјалното возило“, рече Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…
Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…
Владата не може да ги обезбеди законски…
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…