Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи
Луѓето од земјава што имаат намера да патуваат во Грција следнава недела, треба да имаат и предвид дека најголемите синдикати во земјата најавија генерален штрајк во цела Грција за 28. февруари.
Тој ден, трите најголеми синдикални организации во земјата, по повод втората годишнина од железничката несреќа во Темпи. Штрајкот ќе ги засегне сите јавните услуги и јавниот и приватниот превоз во цела Грција. Нема да работат таксистите, а ќе останат закотвени и тракетите и товарните бродови.
Предвидено е да се одржи голем протестен собир на плоштадот „Синтагма“ во Атина, а ќе бидат затворени улици и булевари во грчкиот главен град.
Во железничката несреќа во близина на Темпи, најголема во модерната историја на Грција, загинаа 57 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…
Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…
Се подготвува ли „црна листа“ на гости…
Додека туристите со години ги оценуваат хотелите,…
(Видео) Трагедија во Грција: Брачна двојка на…
Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар…
Шумски пожар се шири на грчки остров…
Грчките пожарникари и денеска, втор ден по…
Куќите ни изгореа, нашите домови ги нема…
Драматични сцени се одвиваат на Халкидики, каде…