(Видео) Бугарското вето беше руска хибридна закана за НАТО – Во Бугарија има повеќе Македонци отколку во Македонија и тоа треба да нѐ обединува!
Ветото од Бугарија за Македонија е руска хибридна закана, тврди бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров во гостувае во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс.
– „Тука има неколку клучни играчи, во тој разговор имаме уште еден учесник, Русија учествуваше и тврдам со факти дека ветото на Бугарија е руска хибридна операција спрема НАТО, спрема ЕУ и незиниот изведувач од бугарска страна беше господинот Каракачанов кој е познат како кодош. Тоа доби поддршка и од МНР на Македонија, Никола Димитров учествуваше активно за да стасаме до тоа вето, вели Владимиров.
Според него договорот за добрососедство бил 99% напишан во Бугарија и не треба да се бара вина кај Заев што го потпишал, бидејќи според него, Заев сакал само да се завршат тие проблеми.
Гоце Делчев не би сакал на Осогово и Огражден да има граница, вели Владимиров алудирајќи на членството на Македонија во ЕУ.
Според него минатото е минато, но Бугарија е силна во иднината и не е патриот некој кој сака по границата меѓу Македонија и Бугарија да се гради нов „Берлински ѕид“. Да земеме пример од Скандинавија, каде во минатото имало големи крвопролевања, а сега живеат во мир и благосостојба, вели Владимиров.
– „Во Бугарија има многу луѓе кои ја сакаат Македонија и кои немаат проблем да зборуваат на македонски јазик. Имаме поважни работи за кои треба да разговараме, корупција, мразење на општеството, сите тактики на политички инженеринг за омраза се од болшевичка Русија, после ги користи национал-социјалистичка Германија. Пред неколку дена имаше 20 минути аплауз замузичари од Македонската и Софиската и грчката филхармонија, покажуваме дека паметни и образовани луѓе како музичарите од нашата и вашата филхармонија можат да соработуваат и диригентот на крај само кажа „Заедно можеме повеќе“ – вели Владимиров.
Целиот поткаст гледајте го во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…