Трамп: Ова е голем ден за Германија, победи конзервативната опција
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа, по првите резултати од германските избори.
Според првичните анкети, коалицијата ЦДУ/ЦСУ освои најмногу гласови – околу 28,6 отсто, додека втора е ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АФД), која има околу 20 отсто од гласовите.
Трамп на својата социјална мрежа „Truth Sociel“ напиша дека ова е „голем ден за Германија“.
„Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на изборите. Се чини дека, исто како и во САД, и во Германија луѓето се уморни од агендата без здрав разум, особено за прашањата како енергијата и имиграцијата. Ова е одличен ден за Германија и за Соединетите држави под водство на господинот Доналд Трамп“, напиша Трамп во објавата.
Излезните анкети објавени попладнево покажаа дека унијата на ЦДУ/ЦСУ, предводена од Фридрих Мерц, освоила 28,6 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори, а на второ место е АфД, која оствари историски најдобар резултат од речиси 20 отсто од гласовите. СДП, партијата на досегашниот канцелар Олаф Шолц, е на третото место со освоение 16-16,5 отсто од гласовите. Шолц го призна поразот и ѝ ја честиташе победата на ЦДУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…