Мерц: Европа мора да ги зајакни безбедносните капацитети!
Фридрих Мерц, лидерот на конзервативната ЦДУ која победи на денешните избори во Германија, изјави дека Европа мора да ги зајакне своите безбедносни капацитети поради растечките тензии со САД околу војната во Украина и финансирањето на НАТО.
-За мене, апсолутен приоритет ќе биде зајакнување на Европа што е можно побрзо за, чекор по чекор, да постигнеме независност од САД во безбедносните прашања – изјави Мерц.
Тој додаде дека по минатонеделните изјави на Доналд Трамп јасно е дека Американците се засилено незаинтересирани за иднината на Европа.
-Многу ме интересира што ќе се случи од денес до НАТО самитот на крајот на јуни – рече тој и притоа додаде дека е прашање „дали се уште ќе зборуваме за НАТО во неговата актуелна форма или дали ќе мораме да формираме независна европска безбедносна структура многу побрзо“.
Најверојатниот иден германски канцелар ги осуди и „неодамнешните интервенции во германската изборна кампања од страна на Илон Маск“.
-Нема да влеземе во коалициски преговори со АфД. Го кажавме тоа пред изборите и луѓето кои гласаа за АфД го знаеја тоа – рече лидерo на победничката ЦДУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…