ЗЕЛЕНСКИ НУДИ РАЗМЕНА НА ЗАТВОРЕНИЦИ КАКО ФЕР ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО РУСИЈА: Украина бара вистински мир
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, во Киев, за време на состанокот кој е организиран во Киев по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, повика на „вистински и траен мир“, што ќе биде воспоставен годинава.
– Оваа година треба да биде година на почеток на вистински и траен мир – рече Зеленски, претседавајќи со состанокот во Киев, со десетина западни лидери кои дојдоа да ја изразат својата поддршка за Украина.
Зеленски повика на размена на сите воени заробеници со Русија пред да започне дијалогот за ставање крај на војната.
– Завршувањето на војната мора да започне со мерки кои ја вратат довербата. Таква мерка може да биде ослободување затвореници, илјадници луѓе кои се држат во Русија – рече украинскиот претседател во говорот.
Според него, Русија мора да ги ослободи Украинците, додека, пак, Украина е подготвена да ги размени сите затвореници како „фер почеток“ на дијалогот за постигнување мир.
Додека состанокот е во тек, ширум Украина е издадено предупредување за воздушен напад.
„Ракетна закана на целата територија на Украина“, соопшти украинското воздухопловство, додавајќи дека полетал руски авион МиГ-31, што носел ракети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина купила злато вредно 3,1 милијарди долари:…
Кина продолжува со стратегијата за акумулирање злато…
Трамп: Погрешно ме разбраа кога реков дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите…
САД директно ќе пренесуваат стрелање на војник…
Пентагон најави телевизиски пренос „во живо“ од…
Со алабнско знаме во раце ги запирал…
СВР Скопје презеде мерки против возач кој…
Родителите на починатите од Пулс: Во овој…
Логичното прашање е: ако вештакот на одбраната…