Објавено на:

Трамп: Америка и Русија разговараат за големи економски проекти

t

САД и Русија разговараат за „големи економски проекти“ како дел од преговорите за Украина, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Сериозно разговарам со Путин за крајот на војната, како и за големите проекти кои се однесуваат на економскиот развој што ќе ги склучат САД и Русија. Преговорите се одвиваат многу добро“, напиша американскиот претседател на социјалната мрежа Истина.
Трамп се осврна и на средбата на шефовите на држави на Групата седум, која се одржа преку видео конференција.


„Сите тие рекоа дека целта им е да се стави крај на војната. Ја нагласив важноста на Договорот за критични минерали и ретки елементи меѓу Соединетите држави и Украина, кој се надеваме дека ќе биде потпишан многу брзо! Овој договор, кој претставува економско партнерство, обезбедува компензација на американскиот народ за десетици милијарди долари и воена опрема што се испорачани Украина ќе и помогне на украинската економија да расте, бидејќи оваа ужасна војна се ближи кон крајот“, истакна тој.


Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп на 12 февруари одржаа телефонски разговор кој траеше речиси час и половина. Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, лидерите разговарале за размена на руски и американски граѓани, како и за решавање на ситуацијата во Украина. Тој посочи дека Вашингтон е главниот пандан на Москва во решавањето на ситуацијата во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…