Петмина повредени во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

t

Во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген голф“ управувано од А.М.(50) од Битола и возило „фолксваген пасат“ управуванo од И.С.(26) од Кичево.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола, додека возачот А.М, сопатниците во возилото „голф“ – Џ.М. и малолетник од Битола, како и Х.Т.(25) од село Староец, се здобиле со телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…

Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…

Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…