Трамп може да се сретне со Зеленски следната недела
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ако не се реши војната во Украина, може да избие трета светска војна.
Tој денеска во Белата куќа го прими францускиот колега Емануел Макрон. Трамп додаде дека војната во Украина би можела да заврши наскоро.
„Тоа би можело да се случи за неколку недели, ако сме паметни. Ако не сме паметни, војната ќе продолжи, а тоа не го сакаме, зашто ова би можело да ескалира во трета светска војна“, рече Трамп.
Тој кажа дека украинскиот претседател Володимир Зеленски наскоро би можел да дојде во Вашингтон за да го потпише договорот за ретки минерали.
„Тој би можел да дојде оваа или следната недела. Засега не знам кога ќе се сретнам со Владимир Путин. Тоа ќе се случи во еден момент“, вели Трамп.
Макрон претходно кажа дека на средбата ќе го предупреди Трамп да не изгледа слабо пред Путин.
„Ќе му кажам ‘тоа не сте вие, тоа не е ваш заштитен знак, не е во ваш интерес‘. Како можеш да бидеш кредибилен пред Кина ако си слаб пред Путин? Ќе се обидам да го убедам Трамп дека интересите на САД и Европа се усогласени и дека ако дозволи Русија да ја преземе Украина, тоа би било незапирливо. Затоа, за секој мировен договор мора да се преговара со Украинците и Европејците на маса“, рече Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…