Од Европа само Македонија и Белорусија не гласаа „За“ украинската резолуција во ОН
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја усвои резолуцијата подготвена од Украина и спонзорирана од 27-те членки на Европската унија, со која се осудува руската воена агресија врз соседната земја, се изразува поддршка на територијалниот интегритет на Украина и се бара итно повлекување на руската војска.
Резолуцијата доби 93 гласа „за“, 65 воздржани, и 18 против. За резолуцијата гласаа сите европски земји, дури и Србија, со исклучок на Македонија која гласаше „воздржано“ и Белорусија која гласаше против. Освен САД против оваа резолуција беа земји како Буркина Фасо, Бурунди, Централноафриканската Република, Демократска Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Нигер, Мали…
Македонија беше коспонзор на друга, ривалска резолуција поднесена од Соединетите Американски Држави, која не доби поддршка од Генералното собрание на ОН во оригиналната форма. Во првичната верзија, резолуцијата не ја означуваше Русија како агресор или извор на конфликтот. Откако беше додаден текст во кој недвосмислено се кажува дека Русија извршила воена агресија со која ја прекршила Повелбата на ООН, резолуцијата беше изгласана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?
Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…
Белорусија го прогласи Euronews за „екстремистички“ медиум
Министерството за информации на Белорусија ја прогласи…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…