Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употребата на американско оружје
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја укина наредбата издадена од неговиот претходник Џозеф Бајден, која бараше извештаи за потенцијални прекршувања на меѓународното право поврзани со употребата на американско оружје од страна на сојузниците, вклучително и Израел, пренесоа дел од американските медиуми.
Наредбата, позната како Меморандум за национална безбедност 20, беше издадена во февруари 2024 година по критиките за употребата на американски бомби во воените операции на Израел во Газа.
Со неа се бараше американската влада да поднесе извештај до Конгресот за употребата на американско оружје од страна на други земји, а во извештајот од мај 2024 година беше наведено дека Израел може да биде одговорен за кршење на меѓународното хуманитарно право.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…
Македонците кои живеаат во соседните држави, како…
Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…
За време на денешниот протест во Тирана,…
Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…
Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…