Се вози пребрзо и без возачка дозвола, се зборува на телефон – МВР само вчера казни над 700 возачи

t

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, а паралелно со тоа течат секојдневни превентивни активности од страна на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, со цел граѓаните да се потсетат за важноста од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, информираа денеска од МВР.

Вчера (26.02.2025), во рамки на активностите на полициските службеници на ниво на целата држава беа издадени 732 платни налози. Од нив 214 се однесуваат на непрописно паркирање, а 194 за непочитување на пропишаната брзина на движење. Покрај ова, а по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и говорење на мобилен телефон при возење, евидентирани беа 57, односно 25 прекршоци.

Полициските службеници исто така детектираа 65 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во три случаи откриени се возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а санкционурани се и 15 пешаци кои не ги почитувале прописите. Откриени се и 21 нерегистрирано возило во сообраќајот, а четири возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, следствено одредбите од Законот за возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Египет стави исламско здружение од Македонија на…

Македонско исламско здружение се најде на списокот…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…