Милазим Мустафа од Судскиот совет не поднесува оставка: Извршната власт се меша во судството

t

Членот на Судскиот совет Милазим Мустафа нема да поднесе оставка од оваа функција и покрај епилогот од интерпелацијата што против него и уште четворица членови на Советот ја поднесе парламентарното мнозинство, изјави тој во во интервју за „Алсат“.

Мустафа вели дека иницијативата е мешање на извршната власт во судството и бара пратениците да ја повлечат.

„Сметам дека врз основа на аргументите што ги изнесовме во нашиот одговор до Собранието, членовите кои ја покренаа оваа иницијатива кај нив и нивните партии треба да надвладеат совеста и чувството за институционална одговорност што го имаат и да ја повлечат ваквата иницијатива за да може судската власт да ги извршува своите должности предвидени со законите и актите донесени во државата”, вели Мустафа.

Мустафа рече дека обвинувањата наведени во интерпелацијата се паушални и неосновани, дури и не се индивидуализирани, туку се однесуваат збирно, на сите членови на Советот. Тој вели дека иако тоа автоматски не значи разрешување, доколку се изгласа интерпелацијата, нема да поднесе оставка.

„Имам мандат до почетокот на јули и додека Судскиот совет предвреме не го утврди крајот на мојот мандат, немам намера да го прекинам мандатот без да направам повреда или за туѓа желба“, вели Мустафа.

Покрај Мустафа, со интерпелацијата се опфатени и другите актуелни членови на највисокото судско тело: Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева. Откако членовите веќе ги доставија одговорите на интерпелациите, сега Собранието ќе треба да закаже седница за нивно гласање, која се очекува да се одржи следната недела. Но, и во случај пратениците да им изгласаат недоверба, на крајот самите членови ќе одлучат дали ќе се повлечат од Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани…

Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Нуршен…

Советот на Општина Кочани едногласно одлучи да…

Советот на Општина Кочани на денешната редовна…

Јакимовски ги оцени советниците во Општина Карпош…

Советниците од Општина Карпош, кои живееле во…

Арсовска: Во Град Скопје се формираше совет…

Денеска во Град Скопје се формираше Советот…