Во данските супермаркети ќе се фаворизираат намирниците кои се „произведени во Европа“
Данската групација на супермаркети „Селинг груп“ реши да им посочува на своите потрошувачи кои намирници на нивните рафтови се производени во Европа.
Според идејата, во маркетите од брендовите „Нето“, „Билка“ и „Фотекс“ до цената на намирниците произведени од европски компании ќе стои и „ѕвездичка“, што ќе им укажува на потрошувачите дека станува збор за производ по потекло од Европа.
Ваквата најава доаѓа во време на тензии во трансатлантските односи поврзани околу данскиот остров Гренланд, по претензиите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз оваа автономна територија на Данска.
Сепак, „Селинг груп“ тврди дека зад нивната идеја не стои „висока политика“.
– Наша работа е да им го испорачаме на нашите клиенти она што го сакаат. Увидовме дека на многу клиенти им е потребна помош при пронаоѓањето европски стоки, изјави портпаролот на „Селинг груп“, Јакоб Крогсгард Нилсен.
„Селинг груп“, покрај во Данска, свои супермаркети има и во Германија и Полска.
Според Крогсгард Нилсен, компанијата засега не планира оваа акција да ја прошири акцијата надвор од Данска, иако тоа не е исклучено за во иднина.
По изјавата на Трамп дека би сакал да ја направи Канада „51-ва држава на САД“, многу Канаѓани се мобилизираа за бојкот на американски стоки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…