Објавено на:

„Малку е веројатно“! Песков ги откри условите за преговори со САД

t

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека е малку веројатно дека преговорите меѓу Русија и САД за Украина ќе започнат додека дипломатските претставништва на двете земји не почнат да работат со полн капацитет и не бидат целосно оперативни.

На оваа тема неодамна на крајот на февруари во Истанбул се одржа руско-американска средба посветена на проблемите во работата на амбасадите во Москва и Вашингтон.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека страните покренале прашања во врска со рускиот дипломатски имот во САД во контекст на враќање на руската страна шест имоти „незаконски запленети во периодот од 2016 до 2018 година“.

Во Истанбул беа договорени чекори за да се обезбеди финансирање на активностите на дипломатските претставништва на Русија и САД на реципрочна основа и да се создадат услови за дипломатите да ги извршуваат своите службени должности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведено лицето кое упатуваше закани кон новинарот…

Триесет и осумгодишен жител на Кичево е…

Војната меѓу Русија и Украина се шири…

Украинските напади врз руски воени и товарни…

Трамп заработи 15 милиони долари од акции…

Доналд Трамп заработи до 15 милиони долари…

Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во…

Српската полиција го уапси 49-годишниот С. М.,…

Нова кривична за таткото и двете ќерки…

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против…