(Документи) 24 МИЛИОНИ ЗА МИЦКОСКИ ДА СЕ ШЕТА НА НАША СМЕТКА
ДВАЕСЕТ МИЛИОНИ денари Владата ќе плаќа за хотелски услуги. Од податоците објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки се гледа дека Владата склучила рамковна спогодба со „БТ МАКЕДОНИЈА ДОО“ за „хотелски услуги“ во времетраење од 24 месеци. Вкупната вредност на договорот со ДДВ изнесува 23,6 милиони денари.

БТ МАКЕДОНИЈА ќе добие провизија од 1,98%.

Според договорот, агенцијата ќе обезбеди сместување или закуп на конференциска сала, со 3, 4, или 5 ѕвезди, а сместувањето може да биде со или без угостителски услуги.

Договорот е потпишан од генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Дали овој во овој договор е вклучено и изнајмувањето на авионот за Будимпешта од 14 милиони денари или се работи за дополнителни трошоци на Владата, засега не знаеме, бидејќи од Владата не одговараат на прашањата на Инфомакс.
Инаку од ВМРО-ДПМНЕ додека беа опозиција имаа и прес-конференции со кои ја обвинуваат истата оваа компанија за криминал, за денес самите да склучат договор со неа.
ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција приложуваше документи за случајот со доделувањето средства од норвешката донација во кои биле вклучени блискиот соработник на Радмила Шекеринска, Јован Деспотовски и фирмата БТ Македонија, сопственост на братучедите на Шекеринска, од кои, како што велат во партијата, може да се види дека не станува збор за само седум фактури, туку 21 фактура со кои се исплаќани пари на оваа фирма со што скандалот добива поголеми размери.
– Во овој случај не станува збор само за 7 фактури од 2014 година кои фирмата БТ Македонија ги побарува од Секретаријатот за европски прашања за реализација на проектот „Одржливо учење за ЕУ и систем за обуки“ за кои веќе и јавноста е запознаена, туку од документите кои ви ги презентираме се гледа дека постојат уште 14 нови фактури, кои исто така фирмата ги побарува од СЕП по истиот норвешки проект. Да потсетиме дека директно надлежен за реализација на овој проект од норвешката донација е блискиот соработник на Радмила Шекеринска и член на високото раководство на СДСМ, Јован Деспотовски. Сите овие 14 нови фактури со вкупна вредност од 1.093.790 денари се направени во 2013 година со фирмата БТ Македонија, откако Јован Деспотовски го добил овластувањето да раководи со проектот финансиран од норвешката донација, истакна на денешната прес-конференција Владимир Ѓорчев.
Ова, како што истакна тој, значи дека Јован Деспотовски како вработен во СЕП бил единствен одговорен да располага со парите кои Република Македонија ги добила од Кралството Норвешка како донација, но бил и лично овластен да ја распредели оваа донација.
– Тој токму тоа и го направил. Средствата од норвешката донација, преку 14-те нови фактури и претходно објавените 7 фактури, ги распределил токму на фирмата во сопственост на роднините на неговата шефица Радмила Шекеринска, Искра Петровска и Никола Наумоски, со што им обезбедил бизнис во вредност од 1.871.957 денари, рече Ѓорчев.
Ѓорчев денес не држи прес конференции, иако порано имал проблем со средства од 1,8 милиони, денес очигледно нема проблем со 20 милиони за истата компанија.
Инфомакс претходно објави дека Владата изнајми и авион за патување до Будимпешта, што граѓаните на Македонија ги чинело околу 200.000 евра. Од Владата и СОЗР се уште не даваат одговор на прашањата колку чини тоа патување, како и сите останати патувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…
Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…
На денешната 82 редовна седница на Владата…
ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…
ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Владата ги обвини родителите на починатите од…
Владата денеска ги обвини родителите од Кочани…