Русија ѝ се закани на Франција
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека Москва ја смета нуклеарната реторика на францускиот претседател Емануел Макрон за закана.
Кремљ, исто така, го коментираше обраќањето на Макрон до нацијата, опишувајќи го како „крајно конфронтирачко“ и тврдејќи дека говорот само сигнализира дека намерите на Франција се да ја продолжи војната, а не да се движи кон постигнување мир.
Официјален Париз денеска објави дека ѝ нуди разузнавачки информации на Украина, еден ден откако САД објавија дека го прекинуваат споделувањето разузнавачки информации со Киев.
Во своето обраќање до нацијата, Макрон истакна дека Русија е закана за Франција, но и за цела Европа.
Макрон го започна својот говор со набројување на актуелните безбедносни и економски предизвици со кои се соочува светот, а потоа зборуваше и за вооружувањето.
„Европа треба да може подобро да се брани. Треба да излеземе со долгорочен мировен план. Европа треба да може подобро да се брани. Треба повеќе да се вооружуваме“, нагласи тој.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за Русија и францускиот нуклеарен арсенал „не се во согласност со реалноста“ и се во спротивност со неговите претходни позиции.
„Секој ден дава изјави кои немаат врска со реалноста и кои се во спротивност со неговите претходни изјави. Каков раскажувач“, рече Захарова, додавајќи дека Макрон ја потсетува на ликот од бајката „Оле Лукоја“ на Ханс Кристијан Андерсен, кој носи два чадори и ги отвора над децата кои спијат.
Захарова направи паралела меѓу тој лик и идејата на Макрон за „нуклеарен чадор“ што Франција ќе ѝ го понуди на Европа.
Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев рече дека Макрон не претставува никаква закана и никому нема да му недостига по завршувањето на неговиот мандат.
– Макрон рече дека Русија сега е, и ќе биде уште многу години, закана за Франција и за Европа воопшто. Сепак, самиот Микрон не претставува голема закана. Ќе исчезне засекогаш најдоцна до 14 мај 2027 година и никој нема да го забележи – напиша тој на социјалната мрежа X.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ле Пен со драматично предупредување: Годинава може…
Француската политичарка Марин Ле Пен излезе со…
250 илјади евра грант од Шпанија за…
Министерството за образование и наука доби грант…
Британија ги подготвува граѓаните за криза? Правете…
Британските власти сакаат граѓаните да бидат многу…
(Видео) Вознемирувачко видео од Пробиштип: Намерно залетан…
Вознемирувачка снимка од Пробиштип е споделена на…
Германските превозници реагираат на високите цени на…
Германските транспортни компании упатија отворено писмо до…