„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на скопскиот Клинички центар

t

Компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија преку јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар – Мајка Тереза, потврди министерот за здравство, Арбен Таравари, пишува „Призма.мк“.

Според информациите, на огласот, кој беше распишан на 15 ноември се јавила само „Ѓока констракшн“.

Компанијата е формирана во Тирана во 1994 година, од 2022 има регистрирано подружница и во Скопје.

Таа ќе стопанисува со паркингот во следните 20 години, а во огласот се превидува приватниот партнер да изгради две катни монтажни гаражи, да стопанисува со целиот паркинг на Клинички, а за возврат државата да добие 1% од вкупните остварени годишни приходи.

Министерството за здравство проценува дека инвестицијата би го чинела концесионерот нешто над 10 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…