Македонија ќе слави 10-годишнина од основањето на Ансамблот „Илирида“?
Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2025 година, поднесена од Комисијата за култура во Собранието, до претседателот на Собранието на Република Македонија, меѓу другото предвидува и одбележување на 10-годишнината од основањето на Ансамблот на народни песни и игри „Илирида“ – Скопје.

Финансиските средства за реализација на обврските што произлегуваат од оваа Програма, согласно со членот 7 од Одлуката за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија, се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, стои во програмата предложена од Комисијата.
Претседателка на Комисијата инаку е пратеничката Саранда Имери Стафаи од коалицијата ВЛЕН.
Доколку Собранието гласа позитивно за оваа предлог-програма, Македонија ќе одбележува постоење на ансамбл кој го носи името „Илирида“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…