За работниците нема пари – МНР ќе добие настрешница од 500 илјади евра: Фирмата изведувач веќе му е позната на министерот Муцунски

t

„И во 2025 година ќе се издвојуваат пари за проектот „Скопје 2014“. На кровот на палатата „Борис Сарафов“, односно објектот на Министерството за надворешни работи, ќе никне челична натстрешница, за која ќе бидат потрошени максимум до половина милион евра“, вели репортерот на ТВ21, Лука Андреев.

Договорот е веќе склучен со градежната компанија „Пирамид билдинг солушнс“, која била единствен понудувач. Тендерот е спроведен во поедноставена процедура, а договорот тежи до 34 милиони денари со ДДВ. Оваа компанија му е веќе позната на министерот Тимчо Муцунски, од периодот кога беше градоначалник во Општина Аеродром. Ако фирмата се провери на интернет, може да се забележи дека била најмена од страна на Општината во 2023-тата година, за одржување на хигиена и комунални услуги. Вредноста на договорот била 335 илјади евра, но од Град Скопје најавија казна од 88 илјади евра за Општина Аеродром, затоа што наводно оваа фирма, наместо во „Дрисла“ сметот го одлагала до седиштето на ФФМ во Ново Лисиче. Муцунски, тогаш во својство на градоначалник, овие наводи ги демантираше.

Компанијата што ќе ја гради натсрешницата на МНР, често конкурирала на огласите на Општина Аеродром. Па така, го добила и тендерот од околу 700 илјади евра за реконструкција на скверот позади трговскиот центар Капитол, а на почетокот на градежните активности во февруари годинава, присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

Во јавно достапните документи од тендерот се наведува дека натстрешницата ќе зафати околу 1.300 квадратни метри околу главната купола на кровот, но ќе се внимава и на поставените статуи.

„Изработката на основниот проект, предмет на оваа јавна набавка е со цел да се обезбеди валидна техничка документација за имплементација на градежни и градежно-занаетчиски работи за изведба на натстрешница над последното ниво – рамната тераса на објектот на МНРиНТ на улица „Филип Втори Македонски“ број 7, Скопје со цел на заштита од атмосферски влијанија (дожд, снег и град), со конструктивно и техничко решение во еден поголем дел да на истата да се постават фотоволтаични панели во иднина“, стои во проектната програма за јавна набавка.

Извор: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…