(Видео) Левица предлага зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци!
Левица до Собранието поднесе предлог-закон за зголемување на породилното од девет на осумнаесет месеци, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Амар Мециновиќ.
– „Ова има за цел да овозможи на мајките физичко закрепнување и градење здрава врска со нивните деца, без страв од финансиска несигурност или губење на работното место. Овие измени се неопходни поради низа причини, од кои првата е здравиот разум и фактот дека нашата држава е социјална држава.
Понатаму, можеме да ги издвоиме научните докази за важноста на првите месеци од животот, каде што истражувањата покажуваат дека долгото и квалитетно време поминато со родителот во животот е клучно за психофизичкиот развој на детето. Нашата држава треба да креира безбедни и оптимални услови за родителство. Во повеќето европски земји породилното и родителското отсуство се значително подолги.
Во сегашниот систем, многу родители, мајки, се принудени да се вратат на работа порано од што е препорачливо, поради финансиски причини. Оваа измена ќе ја намали финансиската неизвесност и ќе им овозможи на семејствата стабилност.“ – истакна Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
Уште не е исплатено породилно за јуни,…
Уште не е исплатено породилно за јуни,…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…