(Фото) Детали за тешката сообраќајка кај Кочани во која загинаа две лица – Сообраќајот е во прекин!

t

Две лица загинаа на лице место во тешка сообраќајна несреќа во Кочани, соопштија од СВР Штип.

– Денес 07.03.2025 година околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на
експресниот пат Штип Кочани, кај с.Тркање кочанско, се случила сообраќајна незгода
помеѓу две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди
двајцата возачи починале на местото на несреќата. Увидот е во тек. – стои во официјалното соопштение!

Во прекин е сообраќајот на патот кај село Тркање – Кочани, во близина на бензиската пупма Лукоил, информира Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…