На повидок нова германска влада, постигнат договор за посилна одбрана и економија

Германските конзервативци предводени од Фридрих Мерц и Социјалдемократската партија (СПД) денеска соопштија дека постигнале начелен договор за формирање влада која планира да инвестира во заживување и превооружување на земјата, најголемата европска економија, објавија светските медиуми.
– Изготвивме заеднички документ и постигнавме договор за цела низа прашања, изјави идниот конзервативен канцелар Мерц, додавајќи дека партнерите најверојатно следната недела ќе почнат детални преговори кои ќе доведат до формирање на нова извршна власт.
– Сите сме уверени дека имаме голема задача што треба да ја исполниме соочени со предизвиците со кои се соочува цела Европа, рече Мерц.
Копретседавачот на СПД Ларс Клингбејл оцени дека е направен првиот чекор во договорот за формирање коалициска влада.
СПД го прифати контроверзниот предлог на конзервативците за зајакнување на граничните контроли „во договор со европските партнери“ и враќање на илегалните имигранти.
Социјалдемократите од своја страна го наметнаа своето барање за зголемување на минималната плата за 15 евра.
Двете страни во текот на неделата се договорија за гигантска инвестициска програма вредна неколку стотици милијарди евра наменета за повторно вооружување и инфраструктура.
Разговорите за формирање нова влада будно ги следат европските соседи кои очекуваат Германија да игра поголема улога во безбедноста и одбраната додека континентот се мобилизира за да ја намали зависноста од САД на Доналд Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Германија и требаат 300.000 нови станови…
Бројката од годишната прогноза за потребите за…
(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…
Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…
Се сруши авион во Германија: Девојче извлечено…
Мало девојче (6) е извлечено од остатоците…
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Германската разузнавачка служба: Имаме јасни докази како…
Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред…