Објавено на:

Тешка сообраќајна несреќа кај Охрид, загина мотоциклист

t

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан кај населбата Рача. Од засега непознати причини дошло до судир на мотоцикл и автомобил, при што на лице место загинал мотоциклистот.

На 08.03.2025 година околу 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај кружната крстосница за населбата Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(76) од струшкото село Враништа и моторцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(27) од Охрид. Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на моторциклот констатирал смрт, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Полициски екипи предводени од јавен обвинител вршат увид на местото на незгодата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Доживотен затвор за серискиот убиец Бојковски:…

Основниот суд во Куманово денеска го осуди…

Удар врз руската дигитална инфраструктура: втор центар…

Војната меѓу Русија и Украина се проширува…

На Ристе Боjкоски му е потребна помош…

Денес, наместо да застане пред своите ученици…

Зеленски ги обвини САД за недоволна помош…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини САД…