На Ристе Боjкоски му е потребна помош за лекување од рак: Да му помогнеме да ја продолжи борбата
Денес, наместо да застане пред своите ученици со гитарата во рацете, тој се соочува со најтешката битка во животот – борбата со ракот.
Неговите здравствени проблеми започнале кога еден ден искашлал крв. По испитувањата, му бил дијагностициран рак на десното белодробно крило. По терапиите, туморот првично се намалил, но кога лекарите го подготвувале за операција, утврдиле дека значително пораснал и дека дел од него е прилепен за голем крвен сад во близина на срцето. Операцијата не можела да биде изведена.
Лекарите во Турција му препорачале хемотерапија и зрачење, а лекувањето треба да започне што е можно побрзо. Но, трошоците за терапијата се превисоки за семејството.
Ристе има две деца и сака да биде покрај нив, повторно да застане пред своите ученици и да го одржи концертот што морал да го откаже поради болеста.
Секој придонес може да биде важен чекор кон започнување на лекувањето. Доколку сте во можност, донирајте според вашите можности. Доколку не можете да донирате, споделете ја неговата приказна за да стигне до што повеќе луѓе.
Донации може да се направат и преку фондацијата Pavel Andreev, преку следниот линк. Платформата овозможува донирање од Македонија и од странство.
Да му помогнеме на Ристе да ја добие шансата за која се бори – да продолжи да живее, да биде татко и повторно да ја споделува љубовта кон музиката со своите ученици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американците ги избраа осумте најдобри места на…
Македонија се најде меѓу најатрактивните туристички дестинации…
Македонската берза ја стави Алта банка на…
Македонската берза денеска соопшти дека ја ставила…
Пезешкијан: Моџтаба Хамнеи ѝ даде на владата…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Мицкоски: Сакаме германските компании да ја препознаат…
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека остварил бизнис…
Драма на летот за Софија: Дојава за…
Патнички авион на авиокомпанијата „Виз ер“ (Wizz…