СДСМ: Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е напаѓај, лажи, оцрнувај – само да не покачиш плата!
ВМРО-ДПМНЕ нема пари за работниците, но има пари за себе и своите удобности. Нема пари за повисока минимална плата, но има пари за луксуз, папаја, манго, приватни авиони, тендери и привилегии. И кога треба да изберат – да ги зголемат платите или да ги полнат своите џебови – тие секогаш избираат да се богатат па затоа мора да лажат и да бараат виновник на друго место, реагираа денеска од опозициската СДСМ.
– Наместо чесно да објаснат зошто не сакаат да ја зголемат минималната плата, тие ја измислија новата стратегија: да го оцрнат синдикатот и да го прогласат за „партиски“ на СДСМ. Наместо да понудат решение за работниците, избраа да водат валкана кампања против оние што се борат за нивните права. Сето тоа за да ја сокријат вистината – дека свесно ги оставаат работниците со срамно ниски плати, додека трошоците за живот секојдневно растат.
Оваа влада не знае што значи да се преживува со 500 евра. Нивните функционери не знаат што е празен новчаник на 20-ти во месецот. Не знаат што е да се избира помеѓу храна, сметки и лекови. И затоа, кога работниците почнаа да бараат зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ реши да ги нападне синдикатите, да создаде хаос и да одвлекува внимание со измислени приказни за политички координации.
Но вистината е јасна: единствената „координација“ тука е помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и елитата.
Нивниот приоритет не се работниците, туку газдите и елитата. Тие свесно одлучуваат да ги остават работниците со ниски примања, бидејќи знаат дека секое покачување на платите значи дека ќе мора да одвојат од сопствените луксузи.
Колку и да се обидуваат да ја свртат приказната со напади и лаги, не можат да ја избришат клучната вистина: ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја зголеми минималната плата и за тоа е подготвена да ја уништи секоја синдикална борба, реагираат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…