Руте: Ова се неизвесни времиња
Ова се неизвесни времиња и знам дека некои можеби се загрижени за иднината на НАТО, но трансатлантските односи и партнерство остануваат основа на Алијансата, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда во Брисел.
-Додека сојузниците работат на зголемување на нивните инвестиции во одбраната, многумина работат и на тоа како може да придонесат за праведен и траен мир за Украина. Сите сакаме да видиме крај на руската агресија и договор кој обезбедува траен мир за суверена Украина, додаде Руте.
Тој нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно ја истакнал посветеноста на САД и неговата лично заложба кон НАТО, но исто така и јасно порачал дека очекува Европа да направи повеќе во однос на трошоците за одбраната.
-Веќе гледаме придвижување во вистинската насока. Минатата година, инвестициите во одбраната на Европа и Канада се зголемија за 20 отсто. Истовремено, сојузниците активно работат на тоа како можат да направат повеќе, истакна Руте.
Тој потсети дека само во последните неколку недели Данска и Велика Британија најавија големи инвестиции во одбраната, а важни чекори во тој правец презеле и Германија, Франција и Чешка.
-Го поздравувам ова, бидејќи заедничката безбедност е наша колективна одговорност, додаде Руте.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…